• Редакција Gol.mk

Македонската колонија во романскиот шампионат е побогата за уште еден фудбалер. Имено, Давид Атанаскоски е нов фудбалер на Јаши и по албанскиот ќе заигра и во романскиот шампионат. Утрово стигна официјализација на трансферот, кој го „режираше“ поранешниот македонски репрезентативец Мирко Ивановски.
Левиот бек кој има 27 години беше дел од Партизани од 2022 година. Во албанскиот клуб Атанаскоски дојде од Македонија ЃП, а претходно настапуваше за Шахтер Караганди од Казахстан, Брера Струмица, Хоризонт Турново и Тетекс.
Атанаскоски за Партизани одигра 81 натпревар на кои даде два гола и освои два трофеи.