• Мартин Танасковски
Македонија ЃП промовира двајца млади играчи во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), откако Александар Анастасијески и Алтин Нурединовски (2006 ген.) на натпреварот со Победа ги запиша првите минути во новата сезона.
Двајцата беа на теренот 25. минути од второто полувреме. Ова дуо доаѓа од академијата на ѓорчепетровци, а дебито за првиот тим го имаа минатата сезона во ПМФЛ на натпреварот со Брера Струмица во рамките на 33. коло.
Анастасијески во клубот од Ѓорче Петров дојде во 2020 година, додека Нурединовски е од почетокот на 2024 година. Двајцата се дел од младинскиот тим кој минатиот викенд ја започна новата сезона во младинската Супер Лига.