ВИДЕО: Аталанта за 20 минути ја „реши“ Специја, двоен стрелец Пашалиќ

Аталанта

Пеколниот втор дел ѝ донесе на Аталанта нова домашна победа во дуелот со Специја (3-1) во рамки од 27. коло од Серија А.

Тимот од Бергамо одново ја прескокна Рома и се израмни со третопласираниот Јувентус, кој има два меча помалку.

  • Извештај од натпреварот: 

Во период од 20 минути „божицата“ постигна три гола и го одлучи победникот. Пашалиќ, отвори, Муриел зголеми, а судбината на гостите ја запечати хрватскиот фудбалер со својата втора реализација.

Специја имаше што да каже на оваа средба. Во неколку наврати изгледаше како подобар ривал на теренот, но на крај мораше да се задоволи само со утешна реализација на Пиколи во завршницата.

Петти меч во низа гостинскиот тим не знае за победа во домашното првенство. Тоа им носи опасност во борбата за опстанок во последниот дел од тековната сезона.