ВИДЕО: Аталанта со пресврт го совлада Наполи и продолжи да сонува ЛШ!

Во последниот натпревар од 33. коло во Серија, фудбалерите на Аталанта на гостински терен со пресврт во вториот дел го совладаа Наполи со 1-2 (1-0) и се изедначија на табелата со четвртопласираниот Милан.

  • Извештај од натпреварот:

Иако денешниот дуел и немаше некоја голем значај за домаќините, избраниците на Карло Анчелоти по првите 45 минути имаа предност од 1-0, а стрелец на водечкиот погодок беше Дрис Мертенс во 28. минута.

Во продолжение на натпреварот се играше отворено и со шанси на двете страни, но обидите на Мертенс на едната и Хатебоер на другата страна завршија безуспешно. Сепак, во 69. минута тимот од Бергамо стигна до израмнување, откако Дуван Запата ја искористи асистенцијата од Иличиќ и го матира домашниот голман.

Израмнувачкиот погодок дополнително ги мотивира гостите да тргнат и по целиот плен, а во 80. минута Марио Пашалиќ го совлада Оспина и на својот тим му донесе големи три бода.

Во следното колко Аталанта битката за Лигата на шампионите ќе ја продолжи против Фиорентина на домашен терен, додека Наполи гостува против Фросиноне.