• Мартин Танасковски
Екипата на Аталанта е нов патник во полуфиналето во Копа Италија, со домашна победа над Јувентус (3-0). Така, „божицата“ од Бергамо му се приклучи на Интер меѓу четирите најдобри во италијанското натпреварување.
- Извештај од натпреварот:
Јувентус не заслужи толку висок пораз, што е најтежок за „бјанконерите“ оваа сезона, но не ги искористи своите шанси. Екипата на Спалети имаше три добри можности да поведе во првиот дел, но двапати против напаѓачите застана голманот Карнесеки, а еднаш шутот на Коенсисао ја погоди пречката.
И стигна казната на спротивната страна. Бремер играше со рака во казнениот простор по еден центаршут, а судијата Фабри ја провери ситуацијата по консултација со ВАР-собата. Покажа на белата точка во 27. минута, а Скамака успеа да го совлада Перин за водство на домашната екипа.
Во вториот дел Јувентус беше поактивен, имаше свои можности, но не ги искористи да израмни, па така Аталанта уште еднаш го казни тоа кога Сулеманс погоди во 72. минута, само осум минути откако влезе на терен, по асистенција на Беланова кој исто така влезе како замена во периодот кога на терен се најде стрелецот. Пред финишот во листата на стрелци се запиша и Марио Пашалиќ.
Аталанта со оваа победа патува меѓу четирите најдобри во Купот на Италија. Во полуфиналето екипата од Бергамо ќе се соочи со Болоња или Лацио.







