• Саше Љолес

Екипата на Аталанта славеше сигурна победа со 2-0 над Каљари во дуелот од петтото коло на Серија А. Момчињата на тренерот Гасперини беа многу подобар ривал на теренот и сосема заслужено дојдоа до трите бода.
- Извештај од натпреварот:
Адемола Лукман и Марио Пашалиќ постигнаа по еден гол во двете полувремиња и со сигурен чекор домаќините одеа кон триумфот. Каљари само еднаш се обиде кон гостинскиот гол и не остави впечаток на екипа што може да ја загрози победата на Аталанта, која сега има девет бода и се наоѓа на шестата позиција во Серија А.
Фиорентина беше поуспешна на гостувањето кај Удинезе и запиша победа со резултат 0-2. Мартинез Кварта ги доведе гостите во водство во 32. минута, а точка на победата стави Џакомо Бонавентура, кој беше прецизен на само една минута пред крајот на мечот.
- Удинезе - Фиорентина 2-3:
„Виолетовите“ ја забележаа втората победа во низа и сега се на петтото место со 10 бода, додека Удинезе е осумнаесетти, со само три бода на своето салдо.