Аталанта се засилува за ЛШ со фудбалер на Барселона

Рафиња

Наредната сезона за навивачите на Аталанта ќе има посебно значење. Тимот се избори за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, што значи дека во Бергамо ќе се гледа елитен фудбал.

Тренерот Џјанперо Гасперини направи голема работа минатата година и ја водеше екипата до третата позиција во Серија А. Пред нив завршија само Јувентус и Наполи.

Управата сака да доведе неколку нови засилувања, меѓу кои е вметнато името на Рафиња. Бразилецот, кој ги брани боите на Барселона, минатата сезона играше на позајмица во Интер, а поради малата минутажа, би можел целосно да се пресели во Италија.

Покрај Аталанта, за него е заинтересирана и Валенсија, која исто така му нуди настап во Лигата на шампионите. 

Неговиот договор со каталонскиот гигант истекува наредното лето, а би можел да замине од „Камп Ноу“ за сума од 15 милиони евра.