ВИДЕО: Аталанта преку пресврт ја среди Фиорентина и ќе игра финале на Купот! 

Фудбалерите на Аталанта уште еднаш докажаа зошто ги сметаат за најголемото изненадување оваа сезона во италијанскиот фудбал. По одличните настапи во Серија А и трката за Лигата на шампионите, вечерва тимот од Бергамо се избори за големо финале во Купот на Италија. 

Аталанта пред својата публика извојува пресврт-победа над тимот на Фиорентина од 2-1 и со вкупни 5-4 заслужено ќе игра за трофејот на најмасовното фудбалско натпреварување на апенинскиот полуостров. 

  • Извештај од натпреварот: 

На првиот меч во Фиренца беше 3-3, а по само три минути игра во Бергамо, Фиорентина преку Муриел стигна до водство од 0-1. Сепак, тоа не беше доволно за славје, бидејќи Аталанта на дело го покажа својот квалитет кој го поседува оваа сезона и Иличиќ и Гомез го погодија гостинскиот гол и на својот тим му обезбедија големо Куп-финале. 

Противник на Аталанта во финалето на националниот Куп на Италија ќе му биде тимот на Лацио, кој синоќа славеше на гости кај Милан.