Аталанта плати 15 милиони и го доведе Украинецот Малиновски од Генк

Аталанта од Бергамо се засилува за својот премиерен настап во Лигата на шампионите. По купувањето на Луис Муриел од Севиља, екипата која минатата сезона ја заврши на четвртото место во Серија А, денес го претстави фудбалерот за врска Руслан Малиновски од Генк.

Белгискиот клуб доби 15 милиони евра и по две сезони и 74 натпревари го продаде Украинецот во Серија А. Малиновски е дете на Шахтјор Доњецк, а играше и за Севастопол и Зориа во украинскиот шампионат.

Под водство на Андриј Шевченко, новиот фудбалер на Аталанта одигра 20 натпревари за најдобрата украинска селекција. Сега, со Аталанта ќе дебитира во Лигата на шампионите и тоа на „Сан Сиро“ во Милано, каде „плаво-сините“ ќе ги играат домашните натпревари.