ВИДЕО: Аталанта не даде гол од 30 шута и разочара против Емполи

Екипата на Аталанта ги разочара своите навивачи, затоа што во Бергамо не успеа да победи против Емполи (0-0), тим кој важи за еден од оние кои многу веројатно ќе играат во Серија Б наредната година.

Домаќинот имаше неверојатна иницијатива, испрати 30 шута кон противничкиот гол, но ниту еднаш не ја стресе противничката мрежа. Поарди ремито, се направи и чекор назад во битката за местата кои водат во квалификациите за Лига Европа. 

Првата шанса на натпреварот ја имаше Емполи, уште во втората минута кога се закани Фариас, но голманот на домашните беше на ниво. Останатиот дел од натпреварот беше доминација на Аталанта, а се закануваа Хатебур, Де Рон, Мисиело, Иличиќ, Запата... но, не го најдоа патот до голот.

Аталанта е на шестото место во Серија А со 53 бода, три повеќе од Торино, а во наредното коло гостува кај Наполи. Емполи, пак, освои значаен бод во битката за опстанок, а наредниот дуел го игра против Спал на домашен терен.