• Иван Димовски
Фудбалерите на Аталанта се пласираа во четвртфиналето на Копа Италија, откако рутински ја совладаа Џенова со убедливи 4-0.
- Извештај од натпреварот:
Избраниците на Рафаеле Паладино ја израдуваа својата публика, а водечкиот гол беше дело на Берат Џимшити во 19. минута (1-0). До полувремето гостите си направија проблем бидејќи црвен картон заработи Фини.
Аталанта знаеше да го казни тоа во продолжението. Мартин Де Рон стрела на стартот на вториот дел по асистенција од Малдини, а потоа темпото на игра опадна. На нови голови се чекаше до финишот, откако беа извршени многу промени на двете страни. Марио Пашалиќ беше стрелец на третиот гол, додека во судиското продолжение конечните 4-0 ги постави Аханор.
Во четвртфиналето Аталанта ќе се судри со екипата на Јувентус.









