Аталанта ја започна реконструкцијата на стадионот, сезоната ќе ја доигра во Реџо Калабрија

Калчолигашот Аталанта официјално ја започна реконструкцијата на својот стадион „Атлети аѕури ди Италија“ во Бергамо. Проектот клубот од северна Италија ќе го чини 40 милиони евра и ќе биде комплетиран до 2021 година.

Последните два домашни натпревари од оваа сезона Аталанта ќе ги одигра на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија, место каде што своите натпревари ги игра екипата на Сасуоло.

Стадионот ќе биде проширен со капацитет од 24.000 места и дополнително модернизиран, а се предвидува да донесе и голем профит, па во една или две сезони и да се врати не така големата инвестиција за доградба.

Аталанта под водство на тренерот Џампјеро Гасперини се бори за место во европските натпреварувања, а не е исклучена можноста да се квалификува и во Лигата на шампионите за првпат во клупската историја.