• Саше Љолес
Италијанскиот фудбалски стратег, Маурицио Сари, официјално е нов тренер на Аталанта, јави клубот од Бергамо.
Сари доаѓа на местото на Рафаеле Паладино, кој ја прекина соработката со клубот пред една недела. 67-годишниот Сари на крајот на мај спогодбено го раскина договорот со Лацио, а претходно беше тренер на Јувентус, Челзи, Наполи и уште неколку италијански клубови.
Аталанта минатата сезона заврши на седмото место во Серија А, со што обезбеди пласман во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

