Аталанта и Интер со битка за второто место ќе се „загреваат“ за ЛШ и ЛЕ

Натпревар чиј резултат речиси и да нема значење. Јувентус титулата ја одбрани уште пред две кола, па сега на Аталанта, Интер и Лацио им преостанува само да се борат за што подобра позиција.

Меѓутоа и Аталанта и Интер сакаат да ја продолжат серијата без пораз (Интер 6, Аталанта 19) и да ја сочуваат одличната форма пред натпреварите кои ги очекуваат на европска сцена – тимот од Бергамо го чека четвртфинален дуел со ПСЖ во ЛШ, додека Интер во осминафиналето на ЛЕ ќе се судри со Хетафе.

>>> Сите квоти за мечот меѓу Аталанта и Интер

Не треба да се заборави дека тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини има нерасчистени сметки со Интер и сигурно посакува сезоната да ја заврши пред клубот кој пред девет години го „понижи“ со отказот по само три одиграни кола. Исто така, Аталанта ќе проба да стигне до посакуваната бојка од 100 голови во Серија А, за што во моментов ѝ недостасуваат уште два.

>>> Погледнете ги сите квоти за натпреварите од Серија А

Ова дерби ќе мине без еден од најдобрите фудбалери на Аталанта, Јосип Иличиќ, кој од неодамна се повреди и сигурно Гасперини нема да ризикува затоа што не сака да го стави во прашање неговиот настап на дуелот со ПСЖ. Во редовите на Интер веќе подолго време ги нема Стефан Сенси и Матијас Весина, кои се повредени.На последните пет меѓусебни дуели, двете екипи запишаа по само една победа, со три реми средби.