ВИДЕО: Аталанта граби кон ЛШ, „сино-црните“ ја освоија и Сардинија

Аталанта на Џанпјеро Гасперини и натаму е хит во италијанскиот фудбал и пет дена откако го елиминира Јувентус во Купот на Италија, запиша нов значаен триумф и во Серија А. Во последниот натпревар од 22. коло на Серија А, тимот од Бергамо славеше на „Сардинија Арена“ во Каљари со 0-1. 

Стрелец на единствениот гол беше Ханс Хатебур, еден од фудбалерите со најголем напредок за разлика од минатата сезона. Ако ги искористеа сите свои шанси, „сино-црните“ сигурно ќе се радуваа на поубедлив триумф.

Аталанта од вечерва се искачи на петтата позиција на табелата во шампионатот на Италија со 35 бодови, исто колку штоо имаат и двата римски клуба.