ВИДЕО: Аталанта експлодира во Парма и се врати на второто место

Екипата на Аталанта убедливо славеше на гостувањето кај испаднатата Парма (2-5) и продолжи со победите во Серија А и борбата за Лигата на шампионите.

„Божицата“ доминираше од почетокот до крајот, а противничката мрежа ја наполни до врв во второто полувреме, во кое успеа да постигне четири погодока.

По првите 45 минути, Аталанта имаше минимална предност благодарение на голот на Малиновски, за потоа, да следат голови на Муриел (два), Песина и Миранчук кои донесоа убедлив триумф. За Парма стрелци беа Брунета и Сом.

  • Парма - Аталанта 2-5: 

Торино беше на прагот да победи кај Верона, ама мора да се задоволи со реми (1-1). Во 85. минута Војвода донесе предност за „биковите“, но домашните се изборија за бод со голот на Димарко во 89. минута.

  • Верона - Торино 1-1:

На третиот натпревар Беневенто на домашен терен загуби од Каљари (1-3) во директната битка за опстанок. „Вештерките“ примија гол уште во 1. минута кога Лукојанис погоди за Каљари, а откако Беневенто изеданчи преку Лападула, во вториот дел Паволети и Жоао Педро донесоа важни бодови на контото на тимот од Сардинија.

  • Беневенто - Каљари 1-3:

Попладнево Рома го пречекува Кротоне, а вечерва се игра дербито на колото меѓу Јувентус и Милан.