ВИДЕО: Аталанта чекори кон ЛШ, со два гола во финишот собра три бода против Удинезе

Големото изненадување во Серија А оваа сезона, Аталанта, се искачи на четвртата позиција со денешниот триумф над Удинезе (2-0) во 34. коло.

  • Извештај од натпреварот: 

Тимот од Бергамо покажа дека сериозно кандидира за место во Лигата на шампионите, а за да го оствари овој историски успех ќе мора да ја задржи формата во последните четири кола.

Денес долго време се мачеше и во последните десет минути го скрши отпорот на противникот. Де Роон реализираше од пенал во 81. минута по еден невнимателен старт на гостински фудбалер. 

Вториот погодок во мрежата на Удинезе го постигна Пашалиќ кој биеше од далечина и со многу среќа ја смести топката зад грбот на Мусо. Колото ќе биде заокружено вечерва со дуелот меѓу Фиорентина и Сасуоло.