Астрономска понуда од Турција ги менува плановите на Салах

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах заминува од Ливерпул, а шпекулациите околу неговата следна дестинација стануваат сè погласни.

Иако подолго време најсериозен интерес за египетската ѕвезда покажуваат клубовите од Саудиска Арабија, според турските медиуми постои можност Салах да остане во европскиот фудбал.

Наводно, Фенербахче е подготвен максимално агресивно да тргне по потписот на „Фараонот“. Според информациите, клубот веќе воспоставил контакти со претставниците на Салах, а планот е да му понуди тригодишен договор.

Турскиот гигант наводно подготвува понуда вредна околу 20 милиони евра по сезона, што би значело вкупно 60 милиони евра за целиот договор.

Во Фенербахче веруваат дека токму ваков трансфер би можел да помогне во прекинување на доминацијата на Галатасарај во турскиот фудбал.