ВИДЕО: Астон Вила со 4/4, Баркли во 91. минута ги скроти „лисиците“

Астон Вила продолжи со феноменалните игри во англиската Премиер лига и со триумф кај Лестер Сити (0-1) ја прокнижи четвртата победа по четири одиграни кола во англиската елита.

  • Извештај од натпреварот:

Изненадувањето на стартот од сезоната претходно славеше над Шефилд Јунајтед, Фулам и Ливерпул, а со трите бода против Лестер потврди дека ќе биде незгоден ривал за секого до крајот на оваа сезона. Воедно, Астон Вила е единствената екипа без кикс оваа сезона во Премиер лигата.

Трите бода за Астон Вила ги донесе Рос Баркли. Играчот од средниот ред прими топка, тргна кон голот на домашните и со еден шут од дваесет и пет метри во 91. минута го измами Каспер Шмајхел.

Лестер Сити го доживеа вториот пораз во низа, а во следното коло гостува кај Арсенал. Астон Вила, пак, ќе оди на продолжување на победничката низа против Лидс Јунајтед и Езџан Алиоски.