• Иван Димовски
Екипата на Астон Вила избори пласман во следната рунда од ФА купот откако славеше со 1-2 на гостувањето кај Тотенхем. Гостинот во Лондонодигра многу зрело прво полувреме и си обезбедија голема предност уште пред паузата.
- Извештај од натпреварот:
Вила поведе во 22. минута преку Емил Буендија по одлична акција и асистенција на Донел Мален. Во судиското надополнување Морган Роџерс го зголеми водството по додавање од Буендија.
Во вториот дел Тотенхем успеа само да намали преку Одобер во 54. минута по асистенција на Коло Муани, но и покрај иницијативата не најде начин да се врати во мечот.
Освен Астон Вила пласман понатаму изборија и Бирмингем, Бристол Сити и Гримзби.









