Астон Вила се засили со поранешен играч на Манчестер Сити

Досегашниот фудбалер на Саутемптон, Тејлор Харвуд-Белис, потпиша повеќегодишен договор со Астон Вила, соопшти денес клубот од Бирмингем.

Деталите од договорот не се објавени официјално, но британските медиуми тврдат дека 24-годишниот дефанзивец потпишал петгодишна соработка, додека Астон Вила за неговиот трансфер ќе плати околу 30 милиони фунти.

Харвуд-Белис е продукт на младинската академија на Манчестер Сити, а за првиот тим на „граѓаните“ одигра осум натпревари. Потоа настапуваше како позајмен фудбалер во Блекбурн, Андерлехт, Стоук и Барнли, пред во 2023 година да го засили Саутемптон.

Тој ги помина сите младински категории на англиската репрезентација, а за сениорскиот национален тим има еден настап. Дебито го запиша во 2024 година, во натпреварот против Република Ирска.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.