ВИДЕО: Астон Вила се врати на големата сцена, еве како се славеше историскиот успех!

Со поразот на Тотенхем од Манчестер Сити, екипата на Астон Вила и официјално го обезбеди четвртото место на табелата во Премиер лигата. Тоа значи дека во следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.

Ова е голем успех за великанот од Бирмингем, бидејќи ова е првпат Астон Вила да игра во Лигата или Купот на Европските шампионо од сезоната 1982/83.

Клубот организираше заедничко следенње на натпреварот во Лондон, а кога се слушна последниот свиреж на „Тотенхем Стадиум“, започна лудо славје.

  • Погледнете како изгледаше сето тоа:

Инаку, Астон Вила е поранешен освојувач на Лигата на шампионите во сезоната 1981/82.