ВИДЕО: Астон Вила не се шегува, по Сити го „тресна“ и Арсенал за одмазда на Емери!

Фудбалерите на Астон Вила не признаваат фаворити оваа сезона! Четата на Унаи Емери е на „седмо небо“, откако по победата над шампионот Манчестер Сити вечерва му зеде скалп на уште еден фаворит. Екипата на Арсенал не е повеќе лидер во англиската елита, затоа што од „Вила Парк“ си замина со „наведната глава“, бидејќи беше надиграна од Астон Вила и заслужено поразена со минимални 1-0.

  • Извештај од натпреварот: 

Така, шпанскиот менаџер на клупата на клубот од Бирмингем на еден начин му се одмазди на Арсенал – тим каде што не ја доби вистинската шанса и беше избркан во 2019 година. 

Со вечерашната победа Астон Вила ќе ја сочува третата позиција на табелата во Премиер лигата со 35 бода, пет повеќе од Сити кој го чека дуел со Лутон. Арсенал пак падна на второто место, додека нов лидер е Ливерпул, кој денес по пресврт славеше над Кристал Палас.

Ново големо славје на „Вила Парк“ донесе МекГин кој уште во седмата минута ја стресе гостинската мрежа и потврди дека оваа Астон Вила не се шегува. Во самиот финиш Каи Хаверц погоди за 1-1, но по сугестија од ВАР собата голот на Германецот беше поништен поради прекршок.

Состави

Унаи Емери

4-4-1-1

    Микел Артета

    4-3-3