• Горан Упале
Тотенхем го претстави досега најголемото засилување во зимскиот трансфер период. Клубот од Премиер лигата го потпишаа офанзивниот играч за врска, „осумка“, Конор Галагер. Тој на Тотенхем му се приклучи од Атлетико Мадрид.
Англискиот играч за врска требаше да оди во Астон Вила, кој се договори со Мадрид, но Тотенхем се вклучи и го зграпчи играчот кој веќе играше за три лондонски клуба, Чарлтон, Кристал Палас и Челзи. Спарс за овој трансфер плати 40 милиони евра.
Тотенхем моментално е 14. во Премиер лигата, но не е далеку од борбата за европските места. Манчестер Јунајтед, кој се наоѓа на седмото место, има пет бода повеќе, додека петтото место, кое би можело да води во Лигата на шампионите, му „бега“ шест бода.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





