ВИДЕО: Астон Вила го зададе првиот удар, со пресврт обезбеди предност против ВБА

Првиот меч од полуфиналето во плеј-офот за Премиер лигата заврши со победа на Астон Вила во дуелот со Вест Бромвич Албион (2-1).

  • Извештај од натпреварот: 

Фудбалерите на Дин Смит направија пресврт во вториот дел и со два гола стигнаа до минимална предност во пресрет на реваншот на гости за четири дена.

Гостите поведоа со само 16 минути игра. Двајт Гејл искористи едно грешно додавање на противничките фудбалери и распали од далечина. Неговиот удар заврши во мрежата на Џед Стир.

Со слична завршница возврати Конор Хорихајн на 15 минути до крајот. Кога акцијата се чинеше дека нема да заврши добро, 28-годишниот Ирец шутираше од прва и донесе огромна радост за публиката.

Неколку минути подоцна пристигна моментот на одлука. Топка во казнениот простор доби Џек Грилиш кој падна при еден старт на гостински дефанзивец и го натера судијата да покаже на белата точка. Пеналот го искористи Тами Абрахам за конечни 2-1 во очекување на вторите 90 минути.

Реваншот се игра на 14 мај со почеток од 21:00 часот.