ВИДЕО: Астон Вила го расипа дебито на Потер и патува понатаму во ФА Купот

Екипата на Астон Вила до доби премиерлигашкото дерби во третото коло на ФА Купот, откако по пресврт го совлада Вест Хем со 2-1 (0-1) и обезбеди нова рунда во најстарото фудбалско натпреварување на планетата. 

Вечерва на клупата на „чеканите“ дебитираше Грем Потер, кој по отказот во Челзи од пред две сезони се врати во Премиер лигата и ерата во Вест Хем ја започна со пораз. Младиот англиски стратег немаше многу време за запознавање со своите нови фудбалери. Сепак, Вест Хем одлично го започна дуелот на „Вила Парк“ и со голот на Лукас Пакета поведе уште во деветтата минута. Но, тоа беше сè што направи лондонскиот тим оваа вечер, бидејќи во продолжение Астон Вила доминираше на теренот и на крај заслужено славеше голема победа и пласман во следното коло во ФА Купот. 

  • Астон Вила - Вест Хем 2-1:

Овосезонскиот учесник во Лигата на шампионите до посакуваниот триумф дојде со два гола во вториот дел. На 1-1 израмни Онана во 71. минута, а пет минути подоцна Роџерс го матира Фабиански за славје на трибините во Бирмингем. 

  • Викомб - Портсмут 2-1:

Понатамошен пласман во ФА Купот обезбеди и Викомб кој со 2-0 славеше над Портсмут. 

Состави

Унаи Емери

4-4-2

    Грем Потер

    3-5-2