ВИДЕО: Астон Вила го надигра Сити како никој, Емери со лекција за Пеп!

Ако минатата сезона екипата на Брајтон беше најпријатното изненадување во англиската фудбалска елита, оваа сезона тој примат дефинитивно го зазема Астон Вила. Тимот од Бирмингем игра фудбал како никогаш досега од оформувањето на Премиер лигата, а тоа на своја кожа го доживеа и моќниот Манчестер Сити на Пеп Гвардиола.

Шампионот вечерва направи чекор назад во трката за одбрана на тронот во англискиот фудбал и доживеа пораз на гостувањето на „Вила Парк“ (0-1), што е втор натпреваар во низа на овој стадион како Пеп не победува, по ланските 1-1.

  • Извештај од натпреварот:

Се очекуваше триумф на еден од најдобрите тимови на Островот, меѓутоа Унаи Емери уште еднаш се покажа како вистински тактичар кога е најпотребно. Во првиот дел, Вила го надигра Сити, шутевите беа дванаесет за домаќинот наспроти само два за гостинот, ама немаше голови. 

Трите бода на „Вила Парк“ ги донесе 26-годишниот Леон Бејли, кој во 74. минута, на асистенција на Тилеманс, ја затресе мрежата на Едерсон, кој стоеше на голот на фаворитот Манчестер Сити. Интересно е што второто полувреме Манчестер Сити го заврши без НИТУ ЕДЕН шут кон противничкиот гол, нешто што не се памети во поновата историја на англискиот шампион. И тоа во нападот предводен од „Златната копачка“ - Ерлинг Халанд.

За „граѓаните“ ова е трет пораз сезонава, па така Манчестер Сити падна на четвртото место со 30 бода. Изненадувачки пред него е Астон Вила со 32 бода, па следи Ливерпул со 34 бода, а лидер е Арсенал со 36 бода.

Состави

Унаи Емери

4-4-2

    Пеп Гвардиола

    4-2-3-1