• Иван Димовски
Еден од најголемите таленти на швајцарскиот фудбал, Јохан Манзамби, е пред трансфер во Астон Вила, иако долго време беше на чекор до преселба во Њукасл. Според Дејвид Орнстајн од „Атлетик“, преговорите меѓу Манзамби и клубот од Бирмингем се во завршна фаза, а швајцарскиот репрезентативец му дал предност на тимот на Унаи Емери.
Тоа претставува нов удар за Њукасл, кој со недели работеше на неговиот ангажман. Претходно „страчките“ останаа и без Виктор Муњоз, кој во последен момент го избра Ливерпул.
Манзамби го сврте вниманието кон себе со одличните настапи на Светското првенство, каде до повредата постигна три гола и запиша две асистенции. Зад себе има и успешна сезона со Фрајбург, за кој на 47 натпревари постигна седум гола и додаде девет асистенции, помагајќи му на германскиот клуб да стигне до финалето на Лигата на Европа.


