ВИДЕО: Астон Вила е сигурна во Европа, Ентони стави печат за Бетис

Фудбалерите на Астон Вила обезбедија место во четвртфиналето на Лига Европа, откако со вкупен резултат 3-0 ја елиминираа екипата на Лил. По минималната победа на гостински терен, составот предводен од Унаи Емери славеше и во реваншот во Бирмингем со 2-0.

  • Астон Вила - Лил 2-0:

По мирното прво полувреме без многу возбудувања, домаќините го скршија отпорот на противникот на стартот од вториот дел. Во 54. минута, по брза контра, Џејдон Санчо асистираше, а Џон Мекгин прецизно реализираше за водство. Конечниот исход и пласманот понатаму ги потврди Леон Бејли со погодок во 86. минута. Во следната фаза, Астон Вила ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Болоња и Рома, чиј исход сè уште не е познат.

  • Бетис - Панатинаикос 4-0:

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Бетис, кој на импресивен начин го надомести заостанувањето од првиот натпревар против Панатинаикос и на домашен терен славеше со убедливи 4-0. Голеадата во Севиља ја најави Аитор Руибал, кој одбиена топка по ударот на Ернандес ја испрати во мрежата зад Лафонт. Во судиското продолжение од првото полувреме, Софијан Амрабат постигна атрактивен погодок од дистанца, зголемувајќи ја предноста. Во второто полувреме стрелец беше и Кучо Хернандес, додека конечните 4-0 ги постави Антони во 66. минута. Во четвртфиналето, Бетис ќе игра против Брага, која беше подобра од Ференцварош.

  • Порто - Штутгарт 2-0:

Понатаму продолжува и Порто, кој ја потврди предноста од првиот меч против Штутгарт. По победата од 2-1 на гостински терен, португалскиот тим славеше и дома со 2-0. Вилијам Гомеш го отвори резултатот во 21. минута по асистенција на Саинц, а конечниот резултат го постави Виктор Фролхолт во 72. минута. Германскиот состав дополнително си ја отежна задачата откако Нартеј беше исклучен по два жолти картони во краток временски период. Со ова, Порто си обезбеди четвртфинален дуел против Нотингем Форест, што најавува уште една возбудлива пресметка во завршницата на натпреварувањето.