ВИДЕО: Астон Вила безидејна, Сака го врати Арсенал на победничките патеки во ПЛ

Екипата на Арсенал експресно го заборави поразот од Ливерпул во претходното коло и им се врати на победите во Премиер лигата. „Топџиите“ на Микел Артета со голема победа се враќаат од Бирмингем, откако на „Вила Парк“ со минимални 0-1 (0-1) го совладаа тимот на Астон Вила и се зацврстија на четвртата позиција на табелата, последна која што идната сезона води во Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот:

По лошиот старт на сезоната и поразите од далеку послабите екипи, се чинеше дека Арсенал и оваа сезона ќе остане без борба за европските места. Но, младиот шпански стратег веруваше во својата филозофија и постепено го подигнуваше нивото на играта на својот тим, а тоа донесе осум победи на последните десет натпревари во англискиот шампионат. Со денешните три бода лондонскиот гигант побегна на четири бода позитива и натпревар помалку од Манчестер Јунајтед.

На „Вила Парк“ Арсенал беше тимот кој што го диктираше темпото и креираше шанси за погодок, но мрежата на Мартинез се затресе само еднаш. Моментот на одлука се случи во 30. минута, кога младиот Сака стрелаше прецизно и донесе значајна победа за својата екипа. Астон Вила пак, иако еден час имаше негатива одигра под своите можности, не упати ниту еден директен удар кон противничкиот гол и заслужено забележа нов пораз во Премиер лигата.

Во следното коло, кое на програмата е по две седмици, поради репрезентативната пауза, Астон Вола ќе се сретне со Вулверхемптон, додека Арсенал го игра малото градско дерби со Кристал Палас.

Состави

Стивен Џерард

4-3-3

    Микел Артета

    4-3-3