ВИДЕО: Аспас со РЕМЕК-ДЕЛО СО ПЕТА го потврди пласманот на Шпанија во нокаут-фазата!

Репрезентацијата на Шпанија, иако до самиот финиш стравуваше и за својот пласман во нокаут-фзата, бидејќи Мароко имаше предност од 1-2 до 93. минута, сепак на крајот „црвената фурија“ заврши како првопласирана.

Голот за конечни 2-2 го постигна Јаго Аспас, а истиот беше вистинско ремек-дело, бидејќи играчот на Селта го матира мароканскиот голман со прекрасен удар со пета, по асистенцијата на Родриго. Истиот прво беше поништен поради офсајд, но подоцна и признат по прегледувањето на видео-снимката.

Во осминафиналето Шпанија за противник ја доби репрезентацијата на Русија.