• Иван Димовски
Фудбалерот на Борнмут, Хамед Траоре заврши во болница и ќе го пропушти Африканскиот Куп на нации.
23-годишникот заболе од маларија и поради тоа нема да може да игра за селекцијата на Брегот на Слоновата Коска, домаќинот на турнирот. Асот на Борнмут не се најде на списокот на повикани од селекторот Жан Луис Гасет, иако беше во плановите да игра на турнирот.
„Лекарите мора да проверат дали сè прави како што треба, дали неговото тело реагира како што треба. Него го очекува пауза од неколку месеци“, изјави тренерот на Борнмут, Андони Ираола.
Непознато е каде Траоре добил маларија, меѓутоа медиумите шпекулираат дека се заразил уште во ноември. Последните фудбалски настапи ги имаше за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, во квалификациите за Светското првенство против Сејшелите и Гамбија.