• Иван Димовски

Фудбалерите на Интер се пласираа во четвртфиналето на Копа Италија, откако славеа против Удинезе (2-0) на „Џузепе Меаца“.
Избраниците на Симоне Инзаги стигнаа до двојна предност уште во првиот дел, а вториот гол беше навистина одличен. Кристијан Аслани изведе корнер од левата напаѓачка страна, па со многу ефе топката тапна во петерецот и заврши во мрежата.
Во фазата на осумте најдобри во Купот екипата на Интер оди на мегдан со Лацио.