ВИДЕО: Асистенција за Трајковски, Палермо ја тресна Козенца за лидерско место во Серија Б!

Екипата на Палермо, со нашите репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски, ја запиша шестата овосезонска победа и се искачи на челната позиција на табелата во Серија Б

Пред разиграните фудбалери од Сицилија попладнево падна тимот на Козенца, кој на крај беше поразен со минимални 2-1. По израмнетиот прв ден, во 77. минута пристигна првото вистинско возбудување и на асистенција на Трајковски, Салви со глава донесе огромна домашна радост и водство од 1-0. 

Сепак, гостите брзо се вратија во игра и преку Баклет израмнија на 1-1, но во 90. минута Пушкаш се надмина себе си и со прекрасен гол ги постави конечните 2-1. 

Со оваа победа Палермо застана на врвот во Серија Б со 21 бод, два повеќе од Пескара ,која е втора и три во однос на третоплсираната Верона.