• Горан Упале

Фудбалерите на Тиквеш брилијантно го отворија дуелот со Брeјдаблик на гости, откако уште во деветтата минута стигнаа до посакуваното водство од 0-1.
Летното засилување Витао испрати асистенција со „очи“ од десна страна, а на топката налета Спахиу и со сигурна реализација погоди за радост на кавадарчани.
- Голот на Спахиу против Брејдаблик:
Тиквеш во првата средба во Скопје извојува голема победа од 3-2 и сега е во многу поповолна ситуација за второ коло во квалификациите за Конференциската лига.