ВИДЕО: Асистенција на Симоновски, Сепси го победи и Динамо Букурешт

Екипата на Сепси продолжи да ниже одлични резултати во романскиот плеј-аут и во борбата за опстанок. Тимот е веќе седум кола без пораз, а последниот тим на кого Сепси му го зема скалпот е Динамо Букурешт (2-0).

На домашен терен Сепси беше подобар, а Марко Симоновски, нашиот интернационалец, овој пат не погоди, арно ама се запиша меѓу асистентите. Тој го „намести“ првиот гол на мечот кој го постигна Тандиа во 30. минута. Точка на победата стави истиот играч, во 92. минута. 

Симоновски на теренот мина 55. минути, додека Милован Петровиќ го одигра целиот меч и заработи жолт картон.