ВИДЕО: Асистенција на Несторовски за голема победа на Удинезе над Кротоне

Екипата на Удинезе забележа клучна победа во остварувањето на целта оваа сезона, а тоа е обезбедување на опстанок во италијанската фудбалска елита. „Црно-белите“ од Удине со големи 1-2 се враќаат од гостувањето кај Кротоне, а голема улога во оваа победа има нашиот репрезентативец Илија Несторовски, кој зад своето име забележа важна асистенција. 

  • Кротоне - Удинезе 1-2: 

Се играше 40. минута кога македонскиот напаѓач откако не успеа да реализира, во вториот обид се реши фудбалски да додаде до Де Пол, кој без многу размислуваше биеше и го совлада домашниот голман. 

На полувреме се замина со позитива на Удинезе од 0-1, а на почетокот на вториот дел Кротоне преку Сими го израмни резултатот, но денес расположениот Де Пол не дозволи разочарување и со својот втор денешен погодок донесе голема победа за својот тим (0-2).

Во терминот од 15:00 часот се одигра уште еден натпревар од 31. коло на Серија А, на кој Сампдорија со пресврт од 3-1 (0-1) славеше над тимот на Верона. 

  • Сампдорија - Верона 3-1: 

Попладнево се игра натпреварот на „Мапеи Стадиум“ во Реџо Калабрија меѓу Сасуоло и Фиорентина, а вечерва Каљари ја пречекува Парма.