ВИДЕО: Асистенција на Несторовски, два гола на Роналдо - Јуве пресилен за Удинезе

По две кола без победа, Јувентус пак е во вистински ритам во Серија А. Првакот на Италија го совлада Удинезе со 3-1 (3-0) во дуел од 16. коло на шампионатот на Италија. Нашиот Несторовски влезе во игра во 86. минута, во првиот контакт со топката имаше голема шанса, но биеше за малку крај дирекот на Буфон. 

  • Јувентус - Удинезе 3-1: 

Сари првпат сезонава им даде шанса од првата минута на тројцата напаѓачи Дибала, Роналди и Игуаин и тројцата одиграа одличен натпревар, Португалецот беше главен актер со два гола, двата со неверојатен гол инстикт во деветтата и 37. минута. Победата ја заокружи Бонучи со глава во надополнувањето од првиот дел. Гостите го ублажија поразот во екстра времето од вториот дел, кога на додавање на Несторовски погоди Пусето.

Дибала, кој беше најдобар поединец на натпревар, постигна прекрасен гол со лоб удар, но се послужи со рака при приемот и судиите оправдано го поништија. Блескаа двајцата голмани Буфон и Мусо, кои собраа по три-четири интервенции. Победата на тимот на Сари добива на тежина, бидејќи е издвојувана без Пјаниќ, Алекс Сандро, Кјелини, Шчешни и Кедира.

Милан на својот 120-ти роденден не успеа да го скрши отпорот на Сасуоло и натпреварот заврши без голови (0-0). Двата тима имаа свои можности, домаќините позрелите, но мрежите мируваа.

  • Милан - Сасуоло 0-0: 

По европските успеси, Аталанта е спуштена на земја, откако тимот на  Гасперони загуби на „Ренато дал Ара“ од домашната Болоња со 2-1. Паласио и Поли ги постигнаа головите за домаќините, а Малиновски за гостите.  

Состави

Maurizio Sarri

4-3-1-2

    Luca Gotti

    5-3-2