ВИДЕО: Асистенција на Елмас и супер-гол на Инсиње, Наполи во финишот ја „скрши“ Легија

Екипата на Наполи во прав момент ја впиша првата победа во Лига Европа и остана во игра за пласман во елиминационата фаза. На домашен терен момците на Лучијано Спалети во самиот финиш го скршија отпорот на Легија и со сигурни 3-0 (0-0) го поправија впечатокот оставен по првите две кола, во кои одиграа реми со Лестер и беа поразени од Спартак Москва.

  • Наполи - Легија 2-0:

Лидерот во Серија А со офанзивна формација и со Инсиње, Лозано, Мертенс и Елмас во нападот го стартуваше натпреварот пред своите гледачи, но и покрај доминацијата во текот на целиот прв дел, не успеа да го пронајде патот до противничката мрежа. Шанси пред голот на Легија се редеа како на филмска лента, прв се закани Мертенс, а потоа големи шанси пропуштија уште Лозано и Инсиње, па на полувреме мрежите мируваа на „Диего Армандо Марадона“.

Наполитанците и на стартот од вториот дел продолжија во ист ритам и гостинскиот голман одново беше ставен на маки, а наградата за тоа стигна во 76. минута. На додавање на нововлезениот Политано, Инсиње ефектно ја погоди целта, а четири минути подоцна Осимен погоди за комотни 2-0. Длабоко во судиското надополнување точка на натпреварот стави Политано за конечни 3-0. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас го одигра целиот натпревар, и покажа одлична игра, која на крај ја круниса со асистенција за третиот гол на својот тим.

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс конечно им се радуваа на победа во Лига Европа, откако по двата порази на стартот, вечерва го надиграа Брондби и со (2-0) ги впишаа првите три бода во групата А. Балоган во 18. минута и Руф во 30. минута беа творците на победата на тимот предводен од Стивен Џерард.

Англискиот премиерлигаш Вест Хем Јунајтед продолжува со перфектните настапи и резултати во второто по ранг натпреварување на УЕФА, откако вечерва ја забележа третата победа од исто толку натпревари, а пак не прими гол. Нова „жртва“ на „чеканите“ беше тимот на Генк, кој во Лондон беше совладан со 3-0, со головите на Доусон, Диоп и Боувен.

Возбудливо беше и во Прага, каде домашниот тим Спарта испушти водство од 2-1 и загуби од Лион (2-4), додека први три бода на своето конто запиша тимот на Реал Сосиедад, изборени со победата над Штурм во Грац. 

Четврттото коло од групната фаза на Лига Европа се игра за две недели. 

Состави

Лучијано Спалети

4-3-3

    Marek Golebiewski

    3-5-1-1