ВИДЕО: Асистенција на Алиоски, непредвиден кикс на Лидс против „фенерџијата“

Втора сезона по ред на Лидс Јунајтед му се повторуваат истите грешки во финишот од регуларниот дел на сезоната во Чешмпионшип. Екипата на Езџан Алиоски одигра само 1-1 против една од најслабите екипи во лигата, Лутон Таун и пропушти можност за нов исчекор на врвот. 

Лутон поведе со погодокот на Корник во 50. минута. Сепак, брзо потоа Далас израмни по асистенција на македонскиот репрезентативец, кој влезе во игра на самиот старт на вториот дел.

  • Асистенцијата на Алиоски против Лутон Таун: 

И по ова реми Лидс Јунајтед ќе остане лидер, бидејќи има четири бода повеќе од Вест Бромвич Албион, кој има натпревар помалку.