ВИДЕО: Асистенција на Алиоски, добар старт на сезоната за Лидс

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски одлично ја почна сезоната во англискиот Чемпионшип. Во дербито од првото коло и дебитантнскиот натпревар на новиот менаџер, Марсело Биелса, Лидс Јунајтед по првиот дел води со 2-0 против Стоук Сити, а предноста ја одржува и во второто полувреме. 

Во последните мигови од првиот дел, Алиоски додаде, а Шпанецот Пабло Хернандез биеше по земја. Кога се чинеше дека гостинскиот голман Батленд ќе одбрани, тој ја испушти топката и таа заврши во неговата мрежа. 

Преходно Матеуш Клич во 14. минута го отвори резултатот, откако ја заврши убавата акција на Саез. 

Со голот на Афобе на почетокот од вториот дел, Стоук намали на 2-1 и се врати во натпреварот. Но, Лиам Купар брзо одговори и постигна прекрасен гол за 3-1 и нова двојна предност за „белите“.