ВИДЕО: Ашур со ефектен гол во дербито на денот на Мундијалот!

Египетската репрезентација поведе во дербито на групата Г со голот на Емам Ашур против Белгијците. 28-годишникот доби топка во средината од Мохамед Салах, убаво се снајде и со убав удар го измами Тибо Куртоа. 

Во групата Г освен Египет и Белгија се Нов Зеланд и Иран.