• Иван Димовски
Фудбалската репрезентација на Македонија е во Вадуц каде што ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство против селекцијата на Лихтенштајн.
На ден пред натпреварот по официјалната прес-конференција нашата репрезентација го имаше и официјалниот тренинг. На него одвоено од остатокот од тимот тренираше Стефан Ашковски. Бекот на Ахнас има повреда поради која има индивидуални тренинзи. За утрешниот натпревар Ашковски нема да биде во комбинација.
Сепак, селекторот Милевски, лекарскиот тим и самиот Ашковски се надеваат дека тој ќе ја залечи повредата за следниот меч, а тоа е дуелот со Велс во Скопје.
Македонија в сабота во 15:00 часот гостува кај Лихтенштајн, додека во вторник во 20:45 е домаќин на Велшаните.