Ашковски се сели во Бугарија, потпиша двегодишен договор со Славија Софија

Македонскиот фудбалер Стефан Ашковски конечно пронајде нов клуб и во иднина ќе го носи дресот на бугарскиот прволигаш Славија Софија. 

Искусниот лев бек во претходните две сезони беше дел од Хортуна Ситард, но откако не успеа да го продолжи договорот со холандскиот тим, како слободен фудбалер се пресели во Славија, каде потпиша двегодишен договор.

26-годишниот Ашковски, кој покрај на левата бековска позиција знае добро да се снаоѓа и на крилната, потекнува од Металург, а во кариерата настапуваше уште за Партизан, Доњи Срем, Напредак, Стромгосед, Шкендија, Нови Пазар, Кајзериспор, Фортуна Ситард и Горник.