• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи на Кипар каде ќе го носи дресот на Етникос Ахна.
32-годишниот крилен фудбалер настапуваше во Турција, во тимот на Санлиурфаспор, но реши да менува. Ја прифати понудата во последните денови од преодниот рок од Етникос и за првпат ќе биде дел од кипарскиот фудбал.
Ашковски има богата интернационална кариера, а покрај за Санли и Ерчиелиспор од Турција, играше и за Алашкерт од Ерменија, Ламија од Грција, Сепси и Ботошани од Романија, Славија Софија од Бугарија, Фортуна Ситард од Холандија, Горник Лехна од Полска, Партизан, Нови Пазар, Напредак од Србија и Стромгодсет од Норвешка.
За Ашковски, Кипар ќе биде десетта странска земја во кариерата.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.