• Мартин Танасковски

Македонскиот повремен репрезентативец Стефан Ашковски постигна гол во победата на Сепси над Динамо Букурешт (1-3) во рамките на романскиот фудбалски шампионат.
Се играше финишот од натпреварот, кога во 93. минута Ашковски влезе од десната страна, па потоа биеше во горниот дел од голот на противникот. Фудбалерот инаку влезе од клупата за резерви во 83. минута.
Сепси со овој триумф ја прекина кризата и ја забележа осмата победа во романското првенство.