ВИДЕО: Ашковски изнуди пенал, Тасевски даде деби-гол за Славија

Екипата на Славија Софија запиша триумф во бугарскиот шампионат благодарение на македонските интернационалци Стефан Ашковски и Дарко Тасевски.

Славија како гостин славеше со 1-2 (0-1) кај екипата на Септември. Првиот погодок Славија го даде во 9. минута од пенал кој го изнуди Стефан Ашковски, додека триумфот го донесе Дарко Тасевски, со деби-погодок во новата средина во 67. минута.

Славија Софија е на осмото место во бугарскиот шампионат, со вкупно 33 освоени бода.