ВИДЕО: Асенсио со гол за паметење, „кралевите“ со шлаканица за Валенсија

Екипата на Реал Мадрид им се врати на победите во Примера и на домашен терен ја совлада Валенсија (2-0) со што дојде на пет бода од лидерот Барселона кој има и натпревар помалку.

„Кралевите“ на овој натпревар беа доста лути во второто полувреме, затоа што судиите од ВАР-собата ги налутија со поништен гол пред паузата. Реал успеа да поведе во судиското надополнување со погодокот на Рудигер, но по спорна снимка, се оцени дека Карим Бензема направил фаул во акцијата и арбитарот му додели жолт картон.

По паузата, паднаа двата гола вреднa победа на шпансиот првак. Прво во 52. минута Марко Асенсио даде гол за паметење откако откосо ја смести топката во мрежата на гостинот од Валенсија, а во 54. минута, Винициус зголеми на 2-0. На двата погодока на Реал Мадрид на овој дуел асистент беше Карим Бензема.

Вреди да се напомене дека Валенсија го заврши натпреварот со играч помалку поради крвнички старт на Габриел Паулиста врз Винициус. Исто така, Карло Анчелоти не го заврши натпреварот без грижи затоа што мораше принудно да го замени Карим Бензема кој се пожали на повреда.

Реал Мадрид во следната рунда гостува кај Мајорка, додека Валенсија која пет кола е без победа патува кај Џирона.

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Рубен Бараха

    4-3-3