• Иван Димовски

Фудбалерите на Мајорка приредија сензација и го совладаа актуелниот шпански и европски првак Реал Мадрид со 1-0 (1-0). Натпреварот од 20. коло на шпанската Примера на „Мајорка Естади“ заврши со домашно славје, откако домашните рано поведоа, а „кралевите“ промашија и пенал во продолжението.
- Извештај од натпреварот:
Резултатот во Палма де Мајорка беше отворен по 13 минути игра, откако Начо Фернандез ја стресе својата мрежа за 1-0 на домашните. Реал имаше целосна контрола врз играта, притискаше и се обидуваше да се врати во игра, меѓутоа во првиот дел сите приоди кон домашниот гол беа затворени.
Во продолжението голманот Рајковиќ направи прекршок за пенал. Одговорноста ја презеде Марко Асенсио, меѓутоа Србинот го процени ударот и го скроти ударот. Иако и натаму „кралскиот“ клуб беше во целосна офанзива, не успеа да го одбрани бедемот пред голот на Мајорка.
- Нереализираниот пенал на Марко Асенсио и одбраната на Предраг Рајковиќ:
До самиот крај и во долгото судиско продолжение Реал се обидуваше, но запиша пораз непосредно пред патувањето во Мароко.
„Кралевите“ ги очекува полуфинален натпревар на Светското клупско првенство, каде што ќе игра против Ал Ахли.