ВИДЕО: Ас на Челзи „патосираше“ момче собирач на топки – направи хаос и остана без картон!

Синоќа во Париз се одигра еден од најсодржните и секако најефикасните натпревари во сезоната во Лигата на шампионите, во кој Пари Сен Жермен го победи Челзи со 5-2 во првиот натпревар од осминафиналето.

Челзи успеа двапати да израмни, третиот пат ВАР му поништи гол за 3-3, а во продолжението, кога нервите веќе беа тенки, дојде до ескалација.

При резултат 4-2, Педро Нето брзаше да ја врати топката во игра, а притоа беше спречен од момче собирач на топки, кое не сакаше да му ја даде топката на играчот на Челзи. Тогаш Португалецот реагираше неспортски и го турна момчето, кое падна на земја. Настана хаос, целиот стадион бараше барем јавна опомена за Нето, но судискиот тим не го казни.

Додека публиката се разотидуваше, Нето му се приближи на момчето, го прегрна и го бакна, но таа мала „дамка“ остана на неговиот инаку многу добар настап на „Паркот на принцовите“.